Успех на македонски ушеници на меѓународен натпревар. Имено, Никола Спировски (14) освои сребрен медал, Дамјан Давков (12), Алек Јармов (19) и Лука Грашкоски (18) освоија бронзени одличја, а Кристина Тасева (17) – пофалница, на Балканската математичка олимпијада чиј домаќин беше Романија. На натпреварот кој започна на 31 октомври и се одржува по 37-ми пат учествуваа тимови од вкупно 17 земји.
По сумирањето на резултатите Никола Спировски освои 30 бода од максималните 40, а Дамјан Давков – 23, Алек Јармов – 21 и Лука Грашковски 20. Само двајца натпреварувачи – од Романија и Србија – од вкупно 108 освојиа максимални 40 бода.
Водач на македонската репрезентација беше Никола Велов, заменик-водач Борче Јошевски и опсерватор Мирко Петрушевки. Натпреварот го организира Сојузот на математичарите на Македонија.