Бројчаникот на Заев конечно е на Триумфална, покажува долгови, заболени, починати…

Бројчаникот кој го вети Зоран Заев, изгледа вака. Ова се бројки кои што ја покажуваат реалната слика со која што сите ние се соочуваме. Имаме вкупно 39.760 активни случаи на Ковид и 1136 починати лица. Имаме 2 милијарди евра долг односно над 60 проценти од БДП, изјави на денешната конференција Наум Стоилковски, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На Триумфалната порта „Македонија“ беше истакнато големо платно на кое беа испишани бројките на заболени и починати лица како и другите последици на кризата со корона вирусот во Македонија.

-Имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за евроинтеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев, затоа треба оставка и тоа веднаш. Денес, го прашуваме СДСМ дали можете уште повеќе и уште подобро? Ние одговорот го знаеме, сигурни сме дека можете уште повеќе и уште полошо! Со СДСМ важи изреката кога мислите дека дното е пробиено, СДСМ го докажува спротивното, може уште повеќе да тонеме! , рече Стоилковски.

Тој нагласи дека во периодов наместо да броиме успеси, броиме неуспеси и трагедии.

-Овие 1136 починати лица, не се само обична бројка на хартија, тоа се нечии родители, браќа, сестри, деца, тоа се судбини на илјадници семејства, голем број од кои можеби ќе ја преживееле болеста доколку за тест не се чека и по неколку дена, па потоа за резултат уште толку. Голем дел ќе преживееле, доколку имаше слободни места во болниците. Голем дел ќе преживееле доколку имаа пари да се лечат во приватните болници, за што се собираа донации, бидејќи државното здравство потфрли. Ова е трагедијата на македонското здравство на чело со Венко Филипче. Затоа мора оставка веднаш. Македонија нема луѓе за губење, потенцира Стоилковски.

Претходна вестЗаболени од вирусот од Македонија ќе можат да се лекуваат бесплатно во Србија и во Албанија
Следна вестМЗТ и Работнички ја стартуваат АБА-2 сезоната во Златибор