Бројката на заболени не е шега: 219 нови заразени, 4 починати и 105 се во болница

Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 229 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод  и Пехчево – по 1.
Пријавени се четири починати лица: две лица од  Скопје (61г и 66г) и едно лице од  Тетово  (76г) и Кичево (76г)  починати во болнички услови и 30 оздравени.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955, од нив 275 во Скопје.

Сто и пет заболени од ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови, објави Министерството за здравство.

Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10.

Во болницата во Струмица има седум пациенти со Ковид-19, во болницата во Прилеп шест, во Битола и Штип по четири пациенти, и по еден во болниците во Велес и во Струга.

Претходна вестНема кај не гори во земјава – најкритично во Пехчево и Прилепско
Следна вестАХВ ја испитува исправноста на сладоледите „сникерс“ и „твикс“