Темен режим Режим на светлина

АХВ ја испитува исправноста на сладоледите „сникерс“ и „твикс“

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) наскоро ќе соопшти дали ќе бидат повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на производителот „Дукатос“.

Овие два вида сладоледи, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос“ веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот етилен оксид.

-Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, во вторникот попладне добивме нотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Станува збор за адитивот locust bean gum, велат од АХВ.

Согласно воспоставената процедура за постапување по добиената нотификација, инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца увозници.

Сладоледите „сникерс“ и „твикс“ и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос“ најпрво беа повлечени во Хрватска, а потоа и во БиХ и Србија. Според српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, некои земји, како Белгија, не ги сметаат ваквите производи за штетни и ги пуштаат во промет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бројката на заболени не е шега: 219 нови заразени, 4 починати и 105 се во болница

Следна објава

Пожар во скопските села Ракотинци и Кучково, жителите бараат помош