Итно се повлекуваат неколку видови сладолед увезени од Франција и Полска

Операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид, информира АХВ.

Од пазарот, како што прецизираат, се повлекуваат и отповикуваат сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл со сериски број/лот- PL1048 и рок на употреба до 28.02.2023, со потекло од Франција.

-Причина за отповикување е небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето, велат од АХВ.

Поради истата причина се повлекува и сладолед „Милка“ ванила и чоколадо на стапче 20х100 мл со сериски број/лот:MI1118, MI1119 и рок на употреба до 30.04.2023, по потекло од Полска, како и сладолед „Милка“ чоколадно стапче со лешник 20х100 мл со сериски број/лот:MI1117 и рок на употреба до 30.04.2023, со потекло исто така од Полска, чиј увозник е АЛМА М.

-Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ се затекнати во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Апелираме крајните потрошувачи, кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги конзумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, или да ги уништат, порачуваат од АХВ.

Претходна вестВо Скопје 18 пожари, секој час се отвораат нови жаришта низ земјава
Следна вестТри лица затекнати на Водно и задржани во станица