Стигнаа австриските пожарникари за да ги гаснат македонските пожари

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информира Дирекцијата за заштита и спасување на својот Фејсбук профил.

 

Австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, амбулантно возило, 2 АТВ и девет приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.

 

По активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита на Европската Унија, во земјава веќе се противпожарни тимови и од Словенија и Бугарија, а во гасењето на пожарите се ангажирани и четири хеликоптери од Србија

Претходна вестПукал на семејна прослава, завршил во полиција
Следна вестКај нас има 167 случаи на заразени кои се вакцинирани со две дози против ковид, 11 се во болница