Кај нас има 167 случаи на заразени кои се вакцинирани со две дози против ковид, 11 се во болница

Од досега 416 614 лица вакцинирани со две дози против ковид – 19 во земјава, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина (0,04 отсто), а само 11 од нив биле хоспитализирани.

Меѓу позитивните, има вакцинирани со „Синофарм“, „Астра Зенека“, „спутник В“, „Фајзер“, а меѓу нив има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на „Модерна“.

Според последната анализа во период од 1 до 31 јули, регистрирани се вкупно 809 случаи на позитивни од тестирани за ковид 19, од нив 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14 дена после вакцинација со втората доза.

Во нашата земја се уште е доминантна британската варијанта на вирусот, но со оглед на брзото ширење на делта, како во светот така и во регионот, многу брзо истиот може да се прошири и кај нас. Досега во земјава се детектирани 30 – тина случаи на делта варијантата.

Во државата, велат од МЗ има доволно количество вакцини,  и тоа за прва доза има 80.000 „Синовак“, 50.000 „Aстра Зенека“ и 70.000 „Фајзер“.

Претходна вестСтигнаа австриските пожарникари за да ги гаснат македонските пожари
Следна вестОд пикавци и искри од жици гори во Штипско, Струмичко, Скопско, Битолско, Охридско, Тетовско, Кумановско и Велешко