Темен режим Режим на светлина

Во Скопје не се памети ден како вчерашниот, дел од пожарите се подметнати

Сите пожари во скопскиот регион на кои се интервенираше вчера се изгаснати. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во текот на вчерашниот ден имала 29 дојави за пожар од кои е интервенирано во 22 случаи, а седум дојави биле лажни.

– Не се памети ден како вчерашниот. Досега не сме имале 22 интервенции за помалку од 24 часа. Првата дојава беше околу 10 часот, а последната во 21:45 часот, велат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Состојбата во поранешната фабрика „ОХИС“ е стабилна, а денеска е изгаснат и пожарот над Сарај кон „Јасен“.

Оценките на пожарникарите се дека дел од пожарите се подметнати.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во моментот има една екипа испратена во пехчевско-делчевскиот регион.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Локалните избори распишани за 17 октомври

Следна објава

Во прекин патот Велес-Штип кај Градската депонија поради намалена видливост од пожар