Темен режим Режим на светлина

ЦУК со системот НИКС го дигитализира следењето на пожарите

Центарот за управување со кризи (ЦУК) го претстави системот НИКС (Следна генерација на систем за командување), што претставува посебен систем за командување во итни ситуации, којшто всушност ги дигитализира сите податоци од терен со цел да бидат регистрирани во централата од каде што раководи со состојбите Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.

Преку овој систем има просторно прикажување на ситуацијата на терен, одосно, членовите на Главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци, гледаат на кои места има активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет, гледаат каде има изгаснат пожар за којшто постои можност повторно да се реактивира.

Во однос на критиките за нивното работење упатени од опозицијата, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов повика на седниците на Главниот штаб да присуствува и претставник од Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Бидејќи постојано сме предмет на критики од страна на опозицијата, поканувам претставник на Комисијата за одбрана од Собранието, да дојде и да присуствува на седниците на Главниот штаб. Отворена покана до ВМРО-ДПМНЕ, нивен претставник од Комисијата за одбрана и безбедност да дојде и да присуствува и одблиску да ја набљудува работата на Главниот штаб. Можеби тоа ќе помогне и тие да видат дека работата не е стихијна, дека имаме целосна контрола, рече Ангелов.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Откако минатата недела пораснаа за 3,5, сега бензините ќе поевтинат за 1 денар

Следна објава

Досега во земјава има 30-тина случаи на заразени со делта сојот