Темен режим Режим на светлина

Груби се пофали дека по 20 години го нашол оригиналот на Охридскиот договор, но кој го криел?

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во Државниот архив го предаде оригиналниот документ на Охридскиот рамковен договор, кој 20 години од потпишувањето не беше архивиран.

-По две децении, по 20 години, оригиналниот документ на Охридскиот Договор, потпишан од 7-те негови потписници, конечно успеавме да го пронајдеме и да го доставиме до местото каде што припаѓа, во Државниот архив. Многу сум благодарен на директорот и заменик -директорот за денешната средба и можноста да го доставам оригиналот на овој документ до местото каде што треба да се архивира, изјави денеска Груби.

Но, она што не го кажа Груби е каде е пронајден документот, зошто некој го криел и како воопшто е можно да снема еден таков важен документ.

Договорот на 13 август 2001 година потпишаа 7 лица, 5 лидери на институции од нашата земја и двајца меѓународни преставници Џејмс Пердју и Франсоа Леотар, едниот од САД, другиот од Европската Унија, и секоја година на годишнината од Охридскиот договор главна вест беше каде е оригиналниот Охридски договор, што се толкуваше како негрижа на државата кон самата важност на Охридскиот договор.

 

рече Груби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уште една третина од ваучерите за туризам ќе се доделат следната недела

Следна објава
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Уште седум обвинети од нарко-групата од Грчец се спогодија и признаа вина