Бројките не се намалуваат: 9 пациенти починале, 176 новозаразени од вирусот

Починале 9 пациенти во последните 24 часа од корона вирусот во Македонија. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.

-Последното деноноќие направени се 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје 61, Куманово 8, Дебар 1, Штип 14, Прилеп 5, Тетово 22, Струга 19, Велес 5, Битола 3, Охрид 14, Гостивар 7, Струмица 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Пехчево 1, Кичево 6, Ресен 5 лица, стои во соопштението.

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.

Претходна вестТешко повреден моторциклист во судир со автомобил во Скопје
Следна вестСрамота: Скопјанка снимена како краде цвеќе од жардињера во Кичево