Срамота: Скопјанка снимена како краде цвеќе од жардињера во Кичево

Драга г-ѓо веројатно од Скопје. Цвеќињата кои ни го красат дворот на претпријатието во Кичево каде денес направивте одмор-пауза, чинат по 150 денари! Дно, да се засрамите сите!

Ваква објава се појави денеска на Фејсбук – страницата „Ѕид на сообраќаен срам“ заедно со фотографии и видео снимка на која се гледа како една жена корне украсно цвеќе од жардињерата на една од улиците во Кичево. На објавената снимка се гледа како жената, која е во друштво на сопатниците од автомобилот со скопски регистерски таблички, и приоѓа на жардињерата и почнува да го скубе расцветаното цвеќе. Таа потоа го остава цвеќето, се врти за да види дали некој ја забележува и потоа пак го зема веќе искубаното цвеќе – ја истресува земјата од корењата, го става во кеса и го внесува во автомобилот.

Објавената снимка предизвика лавина на реакции на револтирани граѓани:

а вакви, казна со општествено- корисна работа, садење и пошумување 8 саати на ден 30 дена, со полициски надзор. Идиотизам!

Срамота… И саксијата да си ја земе, бруки невидени…

-Се гледа дека се професионалки…Дно.. Јако истренирана од претходно, не и е прв пат, блјак…

Во објавата не се наведува што натаму се случувало. Односно, дали надлежните органи од Кичево ќе покренат постапка да се казни оваа граѓанка заради овој вандализам. Инаку, крадењето на цвеќињата е честа појава и во Скопје. 

Има меѓу нас многу „љубители“ на цвеќиња, а ги нема институциите за да им насадат казни на таквите „цвеќенца“.

Претходна вестБројките не се намалуваат: 9 пациенти починале, 176 новозаразени од вирусот
Следна вестГрадот пак ќе прска за комарци, се доцни ли?