Градот пак ќе прска за комарци, се доцни ли?

Од денеска до петок во Скопје ќе се спроведувала втората фаза од прскање од земја или т.н.терестрична дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци – соопштува Град Скопје. Прскањето ќе се одвивало навечер со почеток од 22 до 3 часот следниот ден. Ако се расипат временските услови прскањето се одложува за следниот ден кога условите ќе се подобреле. Очекувано, во соопштението се вели дека пчеларите треба да преземат мерки за да ги заштитат пчелите.

Исто како кога пред десет дена Градот најави дека авионски ќе прска против возрасни комарци, и сега социјалните мрежи зовреа од сеир на адреса на градскиот татко. Особено затоа што во секоја скопска населба врие од комарци, и покрај најавите за прскање.

-Ги слушна ли некој авионите да прскаат пред 10 дена?! Изгледа пак како пред 3 години комарците беа позвучни од авионите што требаше да ги убијат?! Ако не ја завршивте работата на време, од авион, сега џабе ви е прскање од земја, терестрично или перестрично- мене ми се полни станот секоја вечер, а живеам високо во зграда! Ако не не утепа корона, сигурно ќе не мавне маларија оти пак Град Скопје прскаше со нечујни авиони изгледа?! Ако прскаа, сакам да прашам дали со вода е мешан отровот за комарците оти очигледно не им делувал? – ова се само дел од коментарите на скопјани на социјалните мрежи во обид да ја свртат на шега нервозата од овие досадни и многурбојни штетници. Но и заради ветувањата од локалната власт што очигледно не вродија плод.

Секому му е познато дека прскањето се прави кога овие непријанти инсекти се во форма на ларви. Во спротивно, со секое доцнење, се ризикува комарците да се развијат, а тогаш е и потешко справувањето со нив. Се задоцни ли или се си е според планот?

Претходна вестСрамота: Скопјанка снимена како краде цвеќе од жардињера во Кичево
Следна вестИзложба на Марија Светиева од утре до 15 јули во галерија „Кора“