Тешко повреден моторциклист во судир со автомобил во Скопје

Моторциклист тешко повреден при судир со автомобил. Имено, вчера во 06.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Горно Лисиче“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето И.Д.(76) од Скопје и моторцикл „Меидуо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, што било констатирано во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестКазнети 557 лица, не носеле заштитна маска
Следна вестБројките не се намалуваат: 9 пациенти починале, 176 новозаразени од вирусот