Буфон: Мојот најголем срам е што ја купив средношколската диплома

Џанлуиџи Буфон (46) е еден од најголемите голмани на сите времиња. Беше светски првак со Италија, повеќекратен италијански шампион со Јувентус, а двапати бранеше за Парма и француски ПСЖ.

Буфон има исклучителна спортска кариера, но призна дека се срами од еден негов потег од младоста. Имено, славниот италијански голман веќе на 18 години беше ѕвезда на италијанската лига. Немал време да оди на училиште, па платил за да добие диплома.

– Направив многу грешки кога бев млад. Она од што најмногу се срамам е што ја купив дипломата. Никогаш не би го направил тоа бидејќи е нечесно. Не сакам да одам по кратенки до успехот. Но, добро , не сум совршен и мислам дека затоа сум близок со луѓето, изјави Буфон на конференцијата Campioni sotto le stelle.

Играчката кариера ја заврши на 1 август минатата година. Буфон веднаш по завршувањето на кариерата најде нова работа. Легендарниот голман стана шеф на италијанската репрезентативна делегација и ќе ја преземе функцијата што некогаш ја извршуваше покојниот Џанлука Вијали.

Претходна вестБајден доби профил на ТикТок, Конгресот загрижен
Следна вестПари и терапија за само 15 пациенти со цистична фиброза, регистрирани меѓу 130 и 140 – вели извештајот на ДЗР за Клиниката за детски болести