Бугарската мафија краде автомобили на туристи во Грција, Македонците и Србите најчести жртви

Туристите во Грција, најчесто српски и македонски се најчесто мета на кражби на автомобили. Оваа година, се чини, повеќе од кога било досега. Од почетокот на сезоната имало повеќе од десет вакви случаи, а како што дознава српскиот весник Република зад се стои бугарската мафија.

На пример, на туристите од Крагуевац им го украле возилото пред маркет во Солун, кој нема ниту камери, ниту обезбедување, додека на едно семејство од Крушевац им го украле пред објектот во Пефкохори, каде што биле сместени. Во двата случаи, станува збор за скапи автомобили.

Сопственик на туристичка агенција која работи и во Грција, вели дека не станува збор за изолирани инциденти, туку за бугарска мафијашка организација која со години дејствува на северот на Грција.

-Толку се добро координирани што за помалку од минута крадат автомобил. Сега го гледаш, сега не. Тие буквално докторирале кражба. И пред да сфатите што ве снашло, возилото е веќе складирано во гаража, која ја имаат на секое место. Има луѓе кои чекаат да го расклопат на најмали делови, кои потоа ги продаваат. Затоа бираат поскапи автомобили, за кои има голема побарувачка, а новите делови се многу скапи. Оперираат најмногу околу оддалечените и зафрлени плажи и трговски центри, но во последните години станаа толку безобразни што не се двоумат да крадат и пред самите сместувачки капацитети вели сопственикот на агенцијата.

Како што посочува, тоа го прават толку „добро“ што дури имаат и свои луѓе во грчката полиција, најчесто во помалите градови, поради што државата има проблем да ги сузбие кражбите. Кога туристите ќе пријават кражба, потребно е еден час да се стигне до теренот и никогаш не е пронајден украден автомобил.

Крадците најмногу оперираат на паркинзите на големите супермаркети и трговските центри, на отворени паркинзи во Солун, кај Белата кула, во близина на плоштадот Аристотелис, на паркингот на аква паркот кај Солун, кај одредени сообраќајни пумпи, со поголеми места за одмор и на паркинзите на најпосетуваните плажи на Халкидики.

Претходна вестПротестира судската администрација, од 1 септември генерален штрајк
Следна вестТепачка во косовскиот парламент, Курти испрскан со вода