Утре со почеток во 20 часот, во Македонска Филхармонија се одржува концерт со наслов „Калеидоскоп“.
Звуците на македонскиот оркестар овој пат ги диригира Бугаринот Најден Тодоров, а ќе може да се види и слушне и гостинот од Србија, солистот Дејан Гавриќ.
„Слики од изложба“ од Модест Мусоргски и Концертот за флејта и оркестар во де-мол од Карл Филип Емануел Бах, се двете дела најавени на репертоарот.