Официјалниот твитер профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи е хакиран.
Тој за ова информираше на Фејсбук, потенцирајќи дека во моментов не може да го контролира профилот.
-Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата, вели Османи.
Тој го пријавил случајот и во Министерството за внатрешни работи, како и во компанијата Твитер и, како што, вели очекува брза реакција и враќање на профилот.
Името на профилот на Османи е сменето во „Sheldon The Sniper“.