Булеварот Свети Климент Охридски во Центар и село Студеничани денеска без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради санација на дефект на вшмукувачка цевка во хидрофорот во Студеничани, без вода ќе остане село Студеничани.

Корисниците ќе немаат вода во периодот од 6 до 9.30 часот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ исто така известуваат дека поради дефект во водоводна шахта на булеварот Свети Климент Охридски бр. 15, во периодот од 9 часот без вода ќе останат корисниците од булеварот Свети Климент Охридски.

Претходна вестВремето денес сончево со мала до умерена облачност, температурата до 25 степени
Следна вестБез струја делови од општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода