Темен режим Режим на светлина

Времето денес сончево со мала до умерена облачност, температурата до 25 степени

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица. До недела ќе дува слаб, повремено засилен северен ветер, велат од УХМР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија повторно на ЕП: Убедлива победа во Баку за печат на новиот успех

Следна објава
Неколку скопски улици денеска без вода

Булеварот Свети Климент Охридски во Центар и село Студеничани денеска без вода