Цаноски обвинува дека се носат одлуки со цел да застари случајот „ТНТ“

Ако се донесе одлука да застари предметот „ТНТ“ и останам без оштета од 11 милиони евра, нема да престанам да ја барам правдата пред сите домашни и странски институции, изјави вчера Фијат Цаноски, сопственик на фирмата Инвеститор ТД „ФИНЕ СКОПЈЕ ДОО“. На прес-конференцијата тој рече дека сега се соочува со одлуки кои водат кон застарување на случајот кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ во кој претрпе огромна штета.

-Она што се случува деновиве во јавноста е тоа дека судијата известител и претседател на советот, Ѓоко Ристов, место да постапи согласно одредите од ЗКП за предметот и да закаже интерен термин за советување и гласање по него, тој закажува нова јавна седница за 6 ноември сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи тогаш советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата оштета од 11 милиони евра, предупредува Цаноски.

Тој изнесе факти за правната процедура на предметот, намерните одлагања во постапувањето, раздолжување на предметот во жалбена постапка, непостапување со достава на предметот до Основниот кривичен суд за исправка на грешка на пресудата,што некој намерно ја сторил, и незакажување на термин за советување и носење на пресуда на Советот…

Целта на прес – конференцијата, според Цаковски, е да се укаже на она што е очигледно: дека некој се обидува преку сите можни механизми да го застари предметот иако правните механизми предвидуваат само едно – закажување на интерен термин за советување и гласање на Советот кој постапува по овој предмет и донесување на Одлука со датум од 8.5.2023 година. ФИНЕ“ поради се, ќе поднесе кривични пријави за сите за кои се сомнева дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена должност по член 353 од КЗ.

Што и да се случи денеска на ново закажаната јавна Седница за „ТНТ“, ТД „ФИНЕ СКОПЈЕ ДОО“ нема да престане да ја бара правдата пред сите домашни и странски институции.

-Знаеме дека правдата е слепа. Свесни сме дека станува збор за организиран криминал со цел да застари предметот. Но, доколку тоа се случи, во што искрено не сакаме да веруваме, ние ќе се обратиме до сите институции, амбасади и надлежни институции, истакна Фијат Цаноски, основач на „ФИНЕ ДОО“.

Претходна вестСончево со мала локална облачност
Следна вестЗаврши интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА, устоличен новиот епископ Дељадровско-илинденски Јоаким