Чекаат ли ветерот да им ја заврши работата со загадувањето?

Добро е, утрово Скопје не беше поклопено со многу загаден воздух. Вчера имаше прекумерно загадување, главниот град на Македонија беше на светската топ листа дури 7-ми, ама денеска може да подишиме троа поарно.

Не, не реагираа надлежните институции за да го намалат загадувањето со лоцирање и неутрализирање на загадувачите. Реагираше ветерот. Тој умерено задува и го прочисти водухот.

Ќе биде ли ветерот толку добар и да дува цела зима? Ќе ни се смилува ли гледајќи колку самите не можеме да си помогнеме?

Сепак, додека се чека милоста од ветерот многу пожелно е да почнат да работат надлежните градски и централни институции. За тоа се платени, дури и преплатени.

И градоначалничката на Скопје и Владата ветуваа многу мерки против загадувањето. Пред камери убаво ги редеа сите работи што ќе ги направат.

Сега и тие чекаат ветерот да го заврши поголемиот дел од работата.

Претходна вестСтудентски отпор: Студентите од „Пелагонија“ со недели немаат топла вода
Следна вестИзложба на Христина Марковска: „Страв од непознатото“, предводник на креативноста