Чествување на 100 години од првиот претседател на ДПМ Блаже Конески во дворот на неговата куќа

„Поетско читање во Небрегово“ е насловот на манифестацијата во родната куќа на великанот Блаже Конески, во чиј двор Друштвото на писателите на Македонија со стихови и беседа го чествуваа делото на првиот претседател на ДПМ и негов основач.

– Како да се коментираат нападите дека македонскиот јазик е бугарски? Таа болка е многу долга. Одеднаш се политизира, одеднаш станува многу огнена. Но, на македонскиот писател ниту можете да му наредите, ниту можете да го спречите да создава, да твори на македонски јазик. Тоа е нешто што го носи од мајчиното колено, од мајчината лулка. Јас немам стравување: се додека создаваме литература на македонски јазик, се додека твориме на македонски јазик, нема ништо што би можело да ги загрози – ниту јазикот, ниту нашето опстојување. Јазикот, литературата, културата, тие се оние чинители што ги негуваат нашата хуманост и нашиот идентитет, изјави Соња Стојменска-Елзесер, претседател на ДПМ.

Стихови читаа и беседеа писателите Глигор Стојковски, Веле Смилевски, Христо Петревски, Пајо Авировиќ, Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Снежана Стојчевска, Мишел Павловски, Мерсиха Исмајлоска.

Претходна вестКолку маски, лекови… ќе се купеа со 80 илјади евра што ФЗО ги даде за два луксузни автомобили?
Следна вестМалку сонце, малку облаци, малку дожд