Четири кривични пријави за за пожарот во модуларната болница во Тетово

Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против четири лица, едно правно и три физички за пожарот во модуларната болница минатата година на 8 септември. Во текот на следните денови се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово, а по завршување на истрагата ќе бидат поднесени четири пријави.

Предистражната постапка за пожарот во модуларната болница во Тетово, во којшто животот го загубија 14 лица, одговорноста ја лоцираше во здравствената установа, како и во три одговорни лица во болницата.

Во текот на идната недела се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово на понатамошна постапка. По завршувањето на истрагата ќе биде поднесена пријава.

Досега јавно беа обелоденети само детали од извештајот којшто го изготвија македонските крим-техничари кои на 10 октомври го доставија својот извештај до обвинителите коишто ја водат истрагата. Македонските крим-техничари утврдија дека пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабелна дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

Неколку месеци подоцна својот извештај го доставија и германските експерти коишто вршеа вештачење во странски лаборатории, но деталите од документот не беа објавени.

Вечерта на 8 септември во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти се случи една од најголемите трагедии во историјата на државата. Потврдена беше смртта на 14 лица кои биле директни жртви на огнената стихија. Најмалку 12 лица беа повредени.

Претходна вестНестабилно со пороен дожд и грмежи
Следна вестРаспишан референдум во Јужна Осетија за припојување кон Русија