Четири лица искасани од кучиња скитници во Центар, Радишани, Ѓорче Петров и во Шуто Оризари

Во текот на вчерашниот ден четири лица пријавиле каснување од кучиња скитници на територијата на Скопје. Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, В.П.(46) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„48“ во Радишани била касната од куче скитник.

Истиот ден неколку часа подоцна во 18.40 часот во СВР Скопје, К.Т.(62) од Скопје пријавил дека на паркингот на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.

Два часа подоцна во 20.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Околу 19.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник

Претходна вестМилевски повика 27 фудбалери за натпреварите со Хрватска и Чешка
Следна вестДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор