Четири лица дошле да наплатат долг од двајца скопјани, завршиле во болница

Едно лице е тешко повредено, а тројца други се здобиле со полесни повреди во пресметката што се случила синоќа околу 20 часот во Скопје. Полицијата соопшти дека инцидентот го пријавиле две лица кои тврделе дека биле нападнати.

чера околу 20 часот А.М.(40) пријавил дека тој и А.М.(57), двајцата скопјани, поради должничко-доверителски односи биле физички нападнати од Р.Г.(29) и К.К.(30) двајцата од Р.Косово, како и од С.С.(34) и Б.Т.(34) двајцата од Скопје. Подоцна во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники„Мајка Тереза“ на Р.Г., К.К. и С.С. им биле констатирани повреди, додека на Б.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди од остар предмет, а во врска со нарушениот јавен ред и мир, соопшти полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што било констатирано дека биле оштетени и патничките моторни возила: „Фолксваген пасат“ и „Рено“ со косовски национални ознаки и „Рено канго“ и „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Архива

Претходна вестФилипче: Вакцините ќе пристигнат во март, не излегувајте од дома без потреба по 18 часот
Следна вестВладата нема да се спогодува со деветмина поранешни функционери кои тужат во Стразбур