Четворица возачи-почетници добија искуство со казни

Од правење на прекршоци на градските сообраќајници не се имуни ниту возачи-почетници. Полицијата вчера казни четворица поради направените прекршоци.

Инаку, во текот на вчерашнеиот ден на скопското подрачје изречени се вкупно 141 мерка.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина имаше 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за непочитување на првенство на минување, три мерки за прекршоци што ги прават пешаците…, соопшти денеска МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСе чествуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, празникот на мајките и ќерките
Следна вестНачалник на Генералштабот Ѓурчиновски: Има потреба од враќање на задолжителниот воен рок од три месеци