Д-р Пановски: Mаските во училиштата полека треба да ги симнуваме

Нов апел учениците да се ослободат од обврската за носење на заштитни маски додека се на настава упати медицинскиот експерт, микробиологот, Никола Пановски. На настапот на телевизијата „Клан“ тој рече дека добро е да се оди постепено во таа мерка.

– За маските во училиштата сметам дека полека треба да ги симнуваме. Добро е што Комисијата за заразни болести оди постепено, не може се одеднаш да се укине. Мора да се види една мерка, па како ќе иде понатака. За последно би го оставил укинувањето на маските во јавниот превоз и маските во продавниците, рече д-р Пановски.

Д-р Никола Пановски информира дека сега е релаксирана состојбата со тешки ковид-случаи.

-Јас сум против сертификатите како мерка. Не е убаво здравите луѓе да ги спречуваме да се движат. Приоритет треба да биде вакцинацијата. Младите имаат прележано. Стотина пати е поризично за мене како постар да влезам во кафеаните и рестораните, рече Пановски кон што треба да се насочи Министерството за здравство за уште поголемо намалување на ковид-бројките.
 
Неодамна и епидемиологот Драган Даниловски побара укинување на обврската за маски во училиштата. Професорот Вело Марковски пак објаснуваше дека маските ако се носат пречесто можат да носат и контраефекти.

Веќе од поодамна повеќе од илјада родители потпишаа петиција со која се укажуваше на лошите последици од носењето на маските од страна на учениците.

-Континуираното носење маски е исклучително тешко по здравјето на нашите деца, бидејќи се отежнува дишењето. Не може безгрижно да се прославуваат нови години, журки и забави, а децата да се гушат со маски за време на училишните часови, реагираа родителите.

Но, Комисијата за заразни болести на последната седница реши обврската и натаму да се применува.
Претходна вестНов фронт во Украина, нов обид за отворање хуманитарен коридор…
Следна вестЗошто споро се реконструира улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром?