Зошто споро се реконструира улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром?

Силно се почнува со некоја градежна работа, а потоа слабо се напредува. Вака е во Македонија ако се во прашање јавни работи. Пред камерите се гради максимално, а потоа…

Се чини таков пример станува и дел од улицата „Васко Карангелески“ во скопски Аеродром. Раскопани па недоправени тротоари, стеснет коловоз со многу знаци,  чакал… е сликата која повеќе недели ја гледаат граѓаните и возачите кои поминуваат по улицата. Поретко гледаат и по некој работник.

Работите на реконструкцијата на постоечката делница и на пробивањето на новата делница кон булеварот “Трета македонска бригада“ се спори, на моменти и стојат во место.

Зошто е така? Надлежните треба да одговорат што планираат со оваа сообраќајница? Кога во јули минатата година (уште беше старото раководство во Аеродром и Град Скопје) започна нејзината реконструкција имаше протести на граѓаните кои бараа да се сочуваат големите дрвја долж нејзината траса. И на тоа барање се уште нема конкретен одговор. 

Среќа не почнаа нова улица да прават, кој знае кога неа би ја завршиле.

Претходна вестД-р Пановски: Mаските во училиштата полека треба да ги симнуваме
Следна вестАрсовска: Градот Скопје е задолжен 160 милиони евра, но ќе има бесплaтен превоз