Темен режим Режим на светлина

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ вечерва во МКЦ

Младинскиот културен центар и вечерва ги отвора вратите за љубителите на театарот, па после синоќешната успешна изведба и вечерва игра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“.

Режисер на претставата е Билјана Радиноска. Во претставата играат Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска.

Од МКЦ информираат дека претставата ќе биде реализирана по соодветен протокол, почитувајќи ги препорачаните мерки за заштита. Претставата, како што посочуваат, не е наменета за лица под 16 години. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk .

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопје синоќа се труеше и гушеше, дишат ли политичарите од истиот отровен воздух?

Следна објава

Сончево време со температура до 22 степени