Да очекуваме ли уште вработувања во државни фирми оти далеку биле изборите?

Нови предизборни вработувања или реална потреба на компанијата? Ова е дилемата која во јавноста ја појави по објавениот оглас за вработување на 500 нови работници во државната компанија ЕСМ.

Како баш сега кога заминуваат од власта им затребаа работници во фирми каде платите се надпросечни?

Ова го прашува јавноста. Дилемата се поставува од причина што големиот оглас се објавува на половина година пред одржувањето на најавените парламентарни избори и околу еден месец пред стапувањеот на сила на „техничката влада“.

Ова се потенцира и од причина што и до сега, пред одржување на избори, но и по нив, во државните компании се вршеа вработувања на поголем број на нови работници, а што повлекуваше сомнежи дека на тој начин се купуваат гласови за одредени партии. И нормално, тоа не се расчистуваше, а се повторуваше, се повторуваше…

Така, најголемата опозициска партија и денеска обвини дека се работи за партиски вработувања од страна на владечаката коалиција СДСМ – ДУИ за изборни потреби.

– 500-те нови партиски вработувања во ЕСМ, нема да ја спасат власта од катаклизмата што ги очекува на изборите. Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања, во оваа институција, е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека. Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари, се наведува во партиското соопштение.

Од друга страна, премиерот и лидерот на владеачката партија Димитар Ковачевски вчера демантира дека вработувањата во ЕСМ се поврзани со изборитеСпоред премиерот, аргумент за тоа е фактот што изборите биле во мај а сега сме декември.

-Јас не би кажал дека се предизборни вработувања, изборите се на осми мај, а денеска сме декември. Така да не знам тука што е предизборно. Инаку, за тоа, која компанија како работи, се прашува менаџментот на компанијата. Така да прашањата ќе морате да ги поставите до менаџментот, а сигурно дека вработувањата се дел од техничко технолошкиот процес за пополнување на потребните работни места, изјави Ковачевски.

И така, се дадоа објаснувања. Да очекуваме ли уште вработувања оти ете имало време до избори?

Претходна вестСи: Поставени се цврсти темели во односите меѓу Кина и Русија
Следна вестМаж загина а неговите деца се тешко повредени, тешка сообраќајка во битолско