Скопјанец приведен откако си ја зел пратката од Германија со 30 грама дрога

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако тоа подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија.

-Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршиле и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Претходна вестУКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј
Следна вестПротест на Македонците од ДПМ во Панчево: Локалните власти со закани, опструкции и подметнувања не ни дозволија политички да се организираме