Велосипедист од Нераште прегазен на Средно Водно

36-годишен велосипедист е тешко повреден откако бил прегазен на пат на Средно Водно, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје

Претходна вестЛазаров по освојувањето на Купот: Пред мечот реков дека сме аутсајдери, но ја чувствував екипата дека оди во нагорна линија
Следна вестНов линк за измама на граѓаните: „Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“