Дали Брисел мисли исто како и Ковачевски?

Македонија со години тапка во место на патот кон ЕУ. За многумина покрај проблемите со соседите, како и недостатокот на реформи, причина за стоењето во место е и самата ЕУ која не е подготвена на проширување.

Но, премиерот Димитар Ковачевски е оптимист. Тој е уверен дека ЕУ сака да ја Македонија како дел од европското семејство, со оглед на тоа што, како што вели, „ние сме најдобрата држава во регионот“.

Прашан за најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и дали доаѓа за да ја убедува опозицијата да гласа за уставните измени, премиерот рече дека на средбите ќе стане збор за скрининг-процесот, инвестициите, но и за продолжување на евроинтеграцискиот пат.

-Ние сме држава што во моментот е најдобра во регионот и секако дека и Европската Унија што веќе го почна процесот за свое реформирање и ќе прима нови членки, сака да ја види земјата како дел од ЕУ оти оној што е најдобар треба и прв да влезе, рече Ковачевски.

Дали премиерот заборави на отворените критики од амбасадори од ЕУ-земји дека во Македонија нема реформи, а има многу корупција?

И, дали во Брисел мислат како и Ковачевски дека Македонија е најдобра во регионот?

 

Претходна вестОбвинителството поведе постапка против жената што ја нападна пејачката Елена Ристеска
Следна вестБелците повеќе не се мнозинско население во Тексас