Дали заедничка – широка влада е следниот чекор?

Во моментот власта, односно, СДСМ и ДУИ немаат мнозинство во Парламентот, со што е доведена во прашање легитимноста на актуелната влада. Втор ден по, според многумина, срамните случувања во законодавниот дом, не се знае како понатаму продолжува собраниското работење. А ни тоа на извршната власт. Македонија е во политичка криза иако владеачките партии уверуваат дека ќе направеле поголемо мнозинство.

Во моментот фактички ни се познати само информациите дека ВМРО ДПМНЕ си замина пред 22 часот на 11 ноември од Собрание, порачувајќи и на власта „да го ослободи Кастриот Реџепи оти тие веќе немале намера да седат и да чекаат да дојде полноќ за да заврши седницата за недоверба на владата“. Спикерот Џафери влезе на седница и со Заев и уште само неколкумина констатираше дека не успеа седницата за да падне владата на премиерот. БЕСА му сврти грб на Заев, додека пак Алтернатива „седи на две столчиња“: вели не добиле понуда од СДСМ за да се вратат во Влада, а не велат ни дека излегуваат од опозицискиот обединет блок за буткање на власта. Левица уште ноќта на 11ти ноември, порача дека единствениот излез е блокада на Собрание и радикализација во собранието и на улица на опозицијата повторно обединета, да во интерес на брзи предвремени избори.

Дали блокада на Собранието ќе се случи и кога, вчера никој од опозициските партии, македонски и оние од албанската заедница во Македонија- не споменаа. Исклучително молчалив ден после драматичниот во четвртокот. Се бара ли сериозен излез од ситуацијата за Македонија да не бите турната во поголема криза?

Дали можеби веќе се размислува за техничка односно заедничка влада со сите внатре (и власт и опозиција)?

Во четвртокот се очекуваа промени на политичката сцена. Истите се случија, но пак нема чиста слика што значат. Во меѓувреме, здравството, образованието и економијата колабираат. Политичките театри го блокираат секојдневниот вообичаен тек, кој и во нормални услови е нефункционален.

Претходна вестАктивни ковид случаи се 8.715, нема нови мерки – Филипче вели не одете по слави
Следна вестЗавршува „Оффест“: Фронтменот на Фолтин и камерунски гитарист го затвораат фестивалот