Кој објект ќе го купи Градот Скопје во централното градско подрачје за свое ново седиште? Дали тоа ќе биде сегашниот објект висококатница на ЕСМ до Градскиот трговски центар или некој друг? Ова прашање денеска ќе почне да добива свој одговор по седницата на Советот на Град Скопје на која се очекува да се прифати предложената „Одлука за набавка на надвижен имот на Град Скопје во централното градско подрачје“
-Советот на Град Скопје ја утврдува потребата за набавка на недвижен имот – објект со намена деловен објект во Централното градско подрачје – Мал Ринг за потребите на градската администрација и органите на Град Скопје. Вкупната вредност на недвижниот објект со намена деловен објект во Централното градско подрачје – Мал Ринг за потребите на Град Скопје се утврдува на вкупен износ не поголем од 11милиони евра со вклучен ДДВ во денарска противвредност, кои се обезбедени во Буџетот на Град Скопје, Програма ЕАА. Финансиските средства за набавката на недвижниот имот од член 1 на оваа одлука ќе се исплаќаат до најмногу 24 еднакви рати, пишува во предложената одлука.
Во неа се наведуваат и условите кои треба да ги исполни имотот.
– Недвижниот објект да се наоѓа во Централното градско подрачје – Мал Ринг; – Административен простор со површина од приближно 4000 до 9000м2 за потребите на вработените; Обезбеден пристап за луѓе и возила;Паркинг простор со површина од приближно 20 до 70 паркинг места; Обезбедена инфраструктура, технички и санитарни услови, лифт и Имотен лист или лист за предбележување, се наведува во прелдогот на ослуката.
Процедурата ќе се спроведе по пат на прибирање на понуди со објава на јавен оглас за купување на недвижна ствар. Тоа значи дека допрва ќе се види дали државното претпријатие Електрани на Македонија ќе реши да си ја продаде зградата.
Во мај годинава диркеторот на ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека со Градот Скопје работат на враќање на модерната фасада откако се запре промената во барок-стил. Претходно, ЕСМ го купи делот од компанијата ЕСМ за 2,2 милиони евра. ЕСМ, пак, ја купи Градската куќа под Кале за 12,7 милиони евра од Градот Скопје.
Градоначалник Шилегов повеќе пати изјавуваше дека посакува објектот да биде во централното градско подрачје, сметајќи дека тоа не е новоизградената градска куќа под Кале. Плус тоа новата зграда под Кале му се виде претесна за целата администрација.