Дардишта 7 дена по заканата дека ќе ги вади воените чизми уште е во Македонски Телеком

Точно една седмица откако од Владата беше побарано да преземе итни мерки после Фејсбук статусот на од нив поставената членка на одборот на директори во Македонски телеком, Шкодране Дардишта, од ДУИ, која на 6-ти ноември, се закани со војна. Телеком тогаш побара веднаш да реагираат од „Илинденска“, од каде одговорија само дека „го истражувале случајот, па Дардишта ќе била разрешена само ако се утврдело дека го прекршила кодексот“. И Основното јавно обвинителство се изјаснија дека анализирале се, па „ќе постапеле соодветно ако се покажело дека има дело“.

Беше ли Шкодране Дардишта на разговор во ОЈО? Ако била зошто јавноста не знае, или пак никој не ја ни викнал па оттука нема ни што да знаат граѓаните? Зошто владата не ја разрешува од директорскиот одбор во Телеком?

Колку за потсетување, лидерот на „Левица“ итно беше викнат на разговор во обвинителството кога во една прилика на фејсбук напишал статус за „стрелање“. Новинари се повикуваат експресно на разговори и во МВР и во ОЈО, за објавување информации и тоа од јавен интерес, додека за Дардишта – 7 дена никому ништо.

Дали е во ред толку висок функционер да помине несанкционирано за директни закани со војна? Ако ова остане вака, што останува тогаш ако на секој втор му „тргне“ да испраќа пораки за посегање по оружје и дестабилизација, особено што раните од 2001 година се уште не се излечени? Треба ли можеби народот да се навикнува дека се што нема некому да му чини, тој најкомотно може да се закани со војна?

За потсетување, еве што напиша Дардишта на фејсбук, откако почна да станува извесно дека е можно ново владино мнозинство без ДУИ во него:

-Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, порача Дардишта на 6 ноември.

Претходна вестУбедлив триумф на македонската фудбалска репрезентација против Ерменија
Следна вест„За македонскиот јазик“ на Блаже Конески доби унгарско издание