Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Утре се гласа на претседателските избори во Македонија. Како што соопштија од  Државната изборна комисија (ДИК), овој орган е целосно подготвен за спроведување  изборите.

-Целосно сме подготвени за утрешниот ден. И тие подготвки никогаш не престануваат. Постојано на некого нешто му фали така што сме во контакт нон стоп со луѓето. Од сабајле сме имале повеќе контакти и ќе продолжиме да бидеме во контакт. И утре во текот на денот ако се појавуваат проблеми ќе ги решаваме во од бидејќи тоа е таква жива проблематика која мора да се решава тековно, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Правото на глас на утрешните избори, како што појасни Даштевски, граѓаните ќе можат да го остварат со важечки документ за лична идентификација, лична карта и патна исправа со старо уставно име на Република Македонија како и со лична карта и патна исправа чија важност истекла девет месеци пред денот на одржувањето на изборите, а за утре тоа е 24 јули 2023 година.

Даштевски кажа дека нема проблеми со гласањето денеска на болните, затворениците, во дијаспората и лицата во старските домови.

На денешната 98. седница акредитирани се нови набљудувачи за Претседател и за Парламентарните избори. Вкупната бројка на набљудувачи се зголеми на 1601, од кои 915 се домашни, а 544 меѓународни набљудувачли, 84 преведувачи како и 58 странски новинари.

 

Претходна вестГермански државјани уапсени поради сомнение дека шпионирале за Кина
Следна вестПроменливо облачно и потопло со сончеви периоди