Променливо облачно и потопло со сончеви периоди

Во Македонија во средата ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 2 и 9, додека соодветно највисоките дневни ќе бидат од 10 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се искачи до 22 степени.

Претходна вестДаштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори
Следна вестВработените во прилeпскиот затвор излегоа на протест, бараат посебни услови за работа