Деца на покрив на 13-катница, во скопски Капиштец

Блогерот (Igor El Padriño) на својот Фејсбук профил објави фотографија на која се гледа како четворица тинејџери се качени на покрив на зграда. Станува збор за една од 13-катниците во скопската населба Капиштец, а според коментарите, тоа се случило во понеделникот.

– Тикток ни ги убива децата… Капиштец, зграда од 13 спрата, коментира на фотографијата блогерот (Igor El Padriño).

Граѓаните реагираат зошто не се заклучени вратите што водат до кровот на зградата.

Претходна вестКолку време и е потребно на вештачката интелигенција да ви ја пробие лозинката?
Следна вестНепозната индиска компанија преку ноќ стана најголемиот бродосопственик во светот, благодарение на руската нафта