Деца тепале малолетно девојче со кое претходно седеле на иста маса во Охрид
Ноќеска половина час по полноќ во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, две малолетни лица физички нападнале малолетничка со која седеле на иста маса во објектот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.