„Дедо и внук“ до вторник во Кинотека на Македонија

Играниот филм на режисерот Илија Пиперкоски, „Дедо и внук“, од вчера до вторник се прикажува во Кинотека на Македонија. Вечерва и во вторник претставата почнува во 18 часот, а во понеделник од 20:00.

Приказната во филмот е поврзаноста на смртта на еден млад пациент и обидот на младиот доктор Никола да направи ред во својот живот – по што заминува во посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред десет години. Ова е филм за конфликт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Инаку Пиперкоски за „Дедо и Внук“ ја освои наградата во категоријата „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, потоа за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови.

Улогите во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.

Претходна вестЌе ги послуша ли Владата невладините за Водно или хациенди и натаму ќе ја масакрираат планината?
Следна вестБарем документацијата за кинеските вакцини во ред ли е?