Во Модуларната болница на Инфективната клиника денеска во 10 часот треба да започне прво вакцинирање против корона вирусот во Македонија. Најавено е дека прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите на Инфективна клиника во Скопје, а потоа од ГОБ „8 Септември“. Пунктот во модуларната болница има 6 вакцинални позиции, а ќе работи во две смени од 8 до 20 часот. Вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.
Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.
Секој кој што ќе се вакцинира ќе добие потврда за примена вакцина. Вакцинацијата во земјава практично почнува со 4 680 дози од вакцините на Фајзер, кои ни ги донираше Србија, а со кои ќе се имунизираат околу 2 000 здравствени работници. Во следните денови се очекува да пристигнат и останатите вакцини од Србија.
Но, прашање е што откако ќе се потрошат добиените вакцини од Србија. Владата деновиве најави дека до крајот на месецот треба да стигнат околу 200.000 кинески вакцини. Меѓутоа, тоа се уште не е точно прецизирано. Плус останува стравот дека може нешто да се проблематизира со документацијата или некој друг провлем на што не навикнаа здрвствените власти во Македонија.
Од друга страна за март се најавува и добивање на вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс-механизмот, но и тоа не е прецизирано и сигурно гледајќи го досегашното искуство. Исто како што не се знае кога ќе се добијат договоренит евакцини на „Фајзер“.
Дали, вакцинирањето во Македонија ќе оди по принципот „тргни-застани“ или ќе има континуитет?