Во петок „Гала оперски концерт“ во МОБ

„Гала оперски концерт“ е насловена претставата во Македонска опера и балет, која ќе се одржи во петок на 19 февруари, во 20 часот. Диригент е Иван Еминовиќ, а настапуваат Ристе Велков – баритон, Билјана Јосифов – сопран, Драган Ампов – баритон, Злата Тошевска – сопран, Ана Ројдева – сопран, во придружба на оркестарот на МОБ.

-За љубителите на оперската уметност, нашата верна публика во овие услови на пандемија, ќе се изведат арии од најголемите оперски класици, дела на Јохан Штраус, В. А. Моцарт, Џоакино Росини, Џузепе Верди, П.И.Чајковски, Жорж Бизе, Гаетано Доницети, Џакомо Пучини и Франц Лехар од оперите „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Магбет“, „Евгениј Онегин“ и други.

Претходна вестДенеска ќе се даваат првите вакцини, ќе биде ли вакцинирањето тргни-застани?
Следна вестХрватска нема да ја чека ЕУ, ќе набавува руска вакцина