Темен режим Режим на светлина

Концерт на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев, во вторник во Филхармонија

Во вторник, на 23 февруари, во Камерната сала во Филхармонија, ќе настапи бугарскиот пијанист Евгениј Генчев.

Неговиот т.н.

рецитал е насловен како „Фантазија“, а на репертоарот се дела од Албинони, Шопен и Лист.

Генчев настапува во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија, и е добитник на повеќе од педесеттина национални и интернационални награди на натпревари за пијано, а настапувал во многу концертни сцени во светов – „Кофман центар“ во Њујорк, во Филхармонијата во Минхен, „Алтре Опер“ во Фракфурт, „Бриџвотер хол“ во Манчестер, „Мерцедес арена“ во Берлин, Центарот на национални уметности во Мексико сити, Филхармониската сала „Глинка“ во Санкт Петербург, Националниот центар за изведувачки уметности во Пекинг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Градот измерил најмалку загаденост во јануари; Скопјани: каде живее градоначалникот, во Лазарополе?

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Претежно сончево, температура до 12 степени