Еден месец изложба „Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти“.

Од вчера па се до 18 март е отворена изложбата „Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти“ во галеријата Мала станица.

На Биеналето учествуваа 260 уметници од 44 земји со 819 дела, а селекторот Емил Алексиев избра 135 уметници и од нив 75 беа избрани за финалисти.

За наградите одлучуваше меѓународно жири во состав: Катрин Бекер од Германија, Ларс Курулф Милер од Данска и Жолт Петрани од Унгарија.

Претходна вестДепониите ли ќе ги чистат новите 26 административци што ќе ги прими Градот Скопје?
Следна вестСончево и потопло, температура до 8 степени