Депониите ли ќе ги чистат новите 26 административци што ќе ги прими Градот Скопје?

Пред извесно време жестоко критикуван, брзо демантираше – но сега се покажа дека имало место за критика: градоначалникот на Скопје Петре Шилегов сепак вработува нови административци. Се работи за вкупно 26 работни места. Огласот е објавен вчера, а платата на овие луѓе ќе се движи од 22 до 35 илјади денари.

Кога излегоа претходните информации дека Скопје ќе прими дополнителни над 100 вработени, Шилегов тогаш рече дека тоа е само план, и не значело дека ќе бидат примени.

Скопјано веднаш реагираа на социјалните мрежи:

-Наместо да ја полни градската администрација предизборно и да прави популизам преку предлозите за менување на улиците, немаше да е лошо да се позанимава со загадениот водух…
-Нели ќе ја кратевте администрацијата, наместо да ја полните?
-Новите 26 вработени ќе ги чистат депониите, така? Очигледно бидејќи е нејасно за што требаат луѓео.

Во најголем дел од коментарите скопјани му замеруваат на Шилегов заради вдомувањето на партиски кадри.
-Во опозиција ветуваше дека ова нема да се случи, но сосема спротивното го прави, ја урниса довербата на скојпани!

Претходна вестВо Ватикан: Кој одбива вакцина без причина, ќе лета од работа
Следна вестЕден месец изложба „Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти“.