Во Ватикан: Кој одбива вакцина без причина, ќе лета од работа

Ватикан им соопшти на вработените дека можат да ја изгубат работата ако ја одбијат вакцинацијата против ковид-19, ако за тоа немаат оправдани здравствени причини.

Во декретот на кардиналот Џузепе Бертел, гувернер на Ватикан, се наведува дека вакцината е одговорен избор поради ризик од нанесување штета на други луѓе.

Во декретот на седум страници се вели дека оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, можат да добијат друга работа, каде би имале контакти со помалку луѓе, но дека ќе добијат иста плата.

Оние кои одбиваат да бидат вакцинирани без добра причина, подлежат на одредбите од Законот за правата и должностите на вработените од 2011 година, според кој вработените кои одбиваат превентивни мерки може да претрпат различни последици, вклучително и откази.

Ватикан вработува неколку илјади луѓе, кои претежно живеат во Италија.

Претходна вестТри дена протест – три дена посебен режим во центарот на Скопје
Следна вестДепониите ли ќе ги чистат новите 26 административци што ќе ги прими Градот Скопје?