Три дена протест – три дена посебен режим во центарот на Скопје

Утре, в понеделник и во вторник, од 14 до 17 часот, Скопје ќе биде под посебен сообраќаен режим.

Причина е протестот на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фотостудија и музички бендови кој ќе се одржи на крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски, улицата 16. Македонска бригада и улицата Интернационални бригади.

Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата да ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки.

Со ова, сопственицие на ресторани за веселби и на фотостудија го остварија предупредување дадео пред една недела, дека ќе протестираат ако не се укине забраната за организирање веселби.

-Ние сме единствени економски оператори кои имаат 11 месеци забрана за работа, а користевме парцијална државна помош во поддршката за плати и придонеси, која траеше само шест месеци. Да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како претходната, порачаа тие.

Според нив, исплатата на еднократната парична помош во вид на грант, со максимален износ од 10 000 евра, што им се дава е 2-4 отсто од вкупно остварениот промет во 2019 година, што е минимална поддршка за нивните трошоци со оглед на големината и квадратурата на објектите со кои управуваат.

Претходна вестТри пораки од академик Коцарев: Што мора да знае Македонија, од што тој се плаши, за цензурата…
Следна вестВо Ватикан: Кој одбива вакцина без причина, ќе лета од работа