ЕУ согласна за санкции кон Русија поради затворањето на Навални

Mинистрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа „политички договор“ за воведување санкции кон одговорните за затворањето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални и репресиите против неговите приврзаници, изјавија дипломати.

На состанокот во Брисел, министрите побарале од шефот на дипломатијата на ЕУ,  Жозеп Борел, да го финализира списокот со имињата на оние кои ќе бидат засегнати, но во него нема да бидат вклучени олигарси.

Во следните недели ќе се работи на правната рамка и целта на рестриктивните мерки. Новите мерки најверојатно ќе опфатат замрзнување на средствата или забрана за патување.

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов предупреди дека Москва е подготвена да одговори на новите санкции од ЕУ, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров минатата недела изјави дека Москва е подготвена дури и да ги прекине односите со ЕУ.

Навални е осуден на две години и осум месеци затвор за прекршување на уловна казна со тоа што подолго време останал на лекување во Германија, откако беше пренесен таму по труењето со нервен агенс.

Судот во Москва на 20 февруари наложи Навални да плати парична казна од околу 9.500 евра поради клевета на ветеран од Втората светска војна кого го нарече „корумпирана марионете“, „човек без совест“ и „предавник“, поради појавување во провлладин спот заедно со негови соборци.

 

Претходна вестНе газете по имињата на Гологанов, Сарафов, Трајковски: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ против промена на имињата на скопските улици
Следна вестБолки на самото место и малку покачена температура – малкумина од вакцинираните појавиле реакции